Втори по бројност фирмите без вработени!

Bez autora
Feb 26 2013

Бројот на активни фирми во Македонија во 2012. година според податоците на Државниот завод за статистика - ДЗС изнесувал 74.424. Најголемо учество во структурата имале секторите трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, каде што се евидентирани 27.307 субјекти или 36.7%. Следува преработувачката индустрија со 8.251 субјекти или 11.1%, а најмалку застапени со по 0,2% се секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 134 субјекти и рударство и вадење на камен со 182 субјекта. Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82% имаат компаниите со еден до девет работени. Потоа со 9,6% следат деловните субјекти кои немаат или не прикажале податок за вработени, па фирмите со 10 до19 вработени, кои во вкупниот број учествуваат со 3.9%.

Втори по бројност фирмите без вработени!Бројот на активни фирми во Македонија во 2012. година според податоците на Државниот завод за статистика - ДЗС изнесувал 74.424.

Најголемо учество во структурата имале секторите трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, каде што се евидентирани 27.307 субјекти или 36.7%. Следува преработувачката индустрија со 8.251 субјекти или 11.1%, а најмалку застапени со по 0,2% се секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 134 субјекти и рударство и вадење на камен со 182 субјекта.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82% имаат компаниите со еден до девет работени. Потоа со 9,6% следат деловните субјекти кои немаат или не прикажале податок за вработени, па фирмите со 10 до19 вработени, кои во вкупниот број учествуваат со 3.9%. Учеството на субјектите со 20-49 вработени е 2.4 %, со 1.7% учествуваат субјектите со 50-249 вработени. Само со 0.3% од активните компании имаат над 250 вработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik